Технологија „Инстаграм“ има 300 милиони корисници

„Инстаграм“ има 300 милиони корисници

Апликацијата за споделување фотографии „Инстаграм“ достигна бројка од 300 милиони актини корисници.
– Горди сме да објавиме дека „Инстаграм“ има повеќе од 300 милиони следбеници. Во изминатите четири години, она што почна како двајца пријатели со сон, порасна во глобална заедница, која споделува повеќе од 70 милиони фотографии и видеозаписи секој ден – изјави извршниот директор на „Инстаграм“, Кевин Систром, кој вели дека повеќе од 70 отсто од корисниците на оваа апликација се надвор од САД.
Со оваа бројка, „Инстаграм“ има повеќе корисници од „Твитер“, кој има 284 активни корисници според последните објавени податоци од компанијата. „Инстаграм“ е сè уште зад „Фејсбук месинџер“, кој има 500 милиони корисници, „Вацап“ со 600 милиони и „Фејсбук“ со 1,1 милијарда корисници.