Технологија Наука Инсектите се чистачи на улиците

Инсектите се чистачи на улиците

Инсекти играат важна улога во расчистувањето на тони отпадоци од храна што луѓето ги фрлаат низ улиците и низ парковите на њујоршкиот кварт Менхетн, оценија научници.

– Инсектите годишно, само од Бродвеј до Вест стрит на Менхетн, јадат 950 килограми отпад од рестораните за брза храна, што е еднакво на 60.000 сендвичи – вели Елза Јангстед, научничка од Универзитетот во Северна Каролина.

Според неа, инсектите се многу важни бидејќи тие „се ефикасни во отстранување на ѓубрето што луѓето го фрлаат“, а меѓу најкорисните урбани инсекти се мравките, стоногалките, гините и пајаците.

Јангстед вели дека мравките се особено полезни бидејќи тие ги јадат и отпадоците со кои се хранат и стаорците, па на тој начин го спречуваат размножувањето на овие глодари.