Македонија Иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“ бара од Владата решение за скијачкиот...

Иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“ бара од Владата решение за скијачкиот центар

Граѓанската иницијатива „Да ја спасиме Попова Шапка“ ќе изготви конкретни барања, за да се решат актуелните проблеми на Попова Шапка, кои ќе ги пратат до Владата и до премиерот.

Тие предвидуваат да постават ултиматум за исполнување на овие барања, бидејќи сметаат дека до денес не се преземени потребните чекори за решавање на оваа прашање преку дијалог и средби, известува „Порталб.мк“.

По средбата со граѓаните и невладиниот скетор, за денес најавија прес-конференција на која ќе ги објават нивните барања.

„ЕЛЕМ турс“ која стопанисува со скијачкиот центар, најави отворање на сезоната во недела со бесплатно скијање, но таа почна неславно. Ски-лифтот „Тетекс“, работеше по принципот тргни-застани, за потоа по еден час, целосно да прекине со работа, по што скијачите беа приморани со скиите на рамо да ги качуваат терените.