Македонија Иницијатива на граѓанската О2 – 39 пратеници здружени ќе се борат против...

Иницијатива на граѓанската О2 – 39 пратеници здружени ќе се борат против загадувањето

Од здружението О2 Иницијатива, денеска соопштија дека е формирана интерпартиска парламентарна група која ќе треба заеднични да се бори против загадувањето и климатските промени, во име на заштита на животната средина. Во оваа група се вклучиле 39 пратеници од девет политички партии.

Од О2 Иницијатива велат дека денеска ја имале првата средба со парламентарна група, а на агендата биле измените во законот за прекршоци, како и несправувањето со аерозагадувањето и недостигнувањето на граничните вредности за PM10 согласно Законот за квалитет на амбиентниот воздух и после 9 години од законскиот рок.

„Задоволни сме од поддршката на пратениците во овие првични чекори, но нетрпеливо ја очекуваме нивната борба за чист воздух и здрава животна средина во Собранието“, велат од О2 Иницијатива. Координаторка на пратеничката група е Моника Зајкова од ЛДП.