Македонија Индустриското производство зголемено за пет отсто во однос на лани

Индустриското производство зголемено за пет отсто во однос на лани

Индустриското производство во првите шест месеци е зголемено за пет отсто во однос на истиот период лани, објави Државниот завод за статистика. Во јуни годинава во однос на истиот месец лани пак, е зголемено за 12,1 отсто.

Според главните индустриски групи, производството во јуни  во однос на истиот месец лани бележи пораст кај енергија за 12,3 отсто, интермедијарни производи, освен енергија за 13,5 проценти, капитални производи за 34,2 и кај трајни производи за широка потрошувачка за 20,1 отсто.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење на камен во јуни годинава во однос на јуни 2017 бележи опаѓање од 4,2 отсто, во секторот преработувачка индустрија има пораст од 14,1 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 16,3 проценти.