Свет Индонезискиот авион удрил во планина?

Индонезискиот авион удрил во планина?

Индонезискиот патнички авион удрил во планина при што загинале сите кои биле во него, рекол неименуван извор од локалната авиокомпанија „Тригана“, но за сега нема потврда за оваа информација.

Потрагата за авионот е прекината поради лошите временски услови и ќе продолжи утре.
Индонезиската авиокомпанија „Тригана“ соопшти дека авионот изгубил контакт со контролата на летање на аеродромот во Окбил.

– Не сме сигурни што се случило со авионот, но соработуваме со локалните власти. Временската состојба сега е лоша, многу е мрачно и облачно. Не е соодветно за пребарување – изјавил портпаролот на министерството за транспорт.

Во авионот се наоѓале 44 возрасни патници, пет деца и пет членови на екипажот.

Авионската компанија „Тригана“ до сега имала 14 сериозни инциденти од нејзиното основање во 1991 година. До сега компанијата изгубила 10 авиони, а била и на црната листа на ЕУ на која од 2007 година се наоѓаат авиопревозници на кои им е забрането да работат.

Од сите авиопревозници во Индонезија, само четри не се наоѓаат на таа листа.