Свет Индонезиската полиција во состојба на зголемена готовност

Индонезиската полиција во состојба на зголемена готовност

Индонезиската полиција денеска е во состојба на максимална готовност, еден ден по нападот на милитантната организација Исламска држава во центарот на Џакарта, каде загинаа два цивили, а убиени се пет напаѓачи.

– Утврден е идентитетот на четирите напаѓачи – рече портпаролот на националната полиција, Антон Чарлијан, но не ги соопшти нивните имиња.

Во нападот настрада еден канадски и еден индонезиски државјани, а ранети се 24 лица, меѓу кои три странци и шест индонезиски полицајци.

– Полицијата е во состојба на готовност, особено во зоните што се сметаат за мета на терористички напади, како што се полициските станици, државните згради и амбасадите – рече Чарлијан.

Тој рече дека во текот на претресот на куќата на еден од осомничените, утврдено е дека напаѓачот е поврзан со ИД, која подоцна ја презеде одговорноста за нападот.

Нападот се случи во близина на трговски центар, кој се наоѓа близу полициска станица.

Полицијата вчера соопшти дека напаѓачите сакале да го повторат сценариото од терористичките напади во пари од 13 ноември 2015 година, каде загинаа 130 и повредени повеќе од 350 лица.