Свет Индонезија: Пронајдени се телата за загинатите во авионската несреќа

Индонезија: Пронајдени се телата за загинатите во авионската несреќа

Откриени се телата 54 лица кои загина во авионската несреќа која пред два дена се случи во планински регион на Индонезија.

Портпаролот на индонезиското Министерството за транспорт на Индонезија соопшти дека нема преживеани. Во авионот имало 49 патници, меѓу кои пет деца, како и пет членови на екипажот.

Авионот летал од Џакарта за индонезискиот град Оксибил, а исчезнал од радарите 10 минути пред да пристигне до крајната дестинација.