Свет Индонезија: Падот на „ербасот“ е предизвикан од механички дефект

Индонезија: Падот на „ербасот“ е предизвикан од механички дефект

Минатогодишната авионска несреќа, во која авион на „Ер Азија“ во декември се урна во Јаванско Море во Индонезија, при што загинаа 162 лица, во најголема мера е последица на механички дефект на управувачкиот систем на „ербас A320-200“, соопштија денеска индонезиските истражители во завршниот извештај.

Поради повеќекратните проблеми со управувачкиот систем, пилотите, во особено лоши временски услови, го исклучиле автоматскиот пилот за да се справат со проблемите. Потоа изгубиле контрола над леталото, соопшти Националниот одбор за сигурност во сообраќајот.
„ЕрбасA320-200“, кој на 28 декември 2014 година, од индонезискиот град Сурабај полета кон Сингапур, а исчезнал од радарите половина час по полетувањето откако побарал дозвола за зголемување на висината поради лошите метеоролошки услови.