Спорт Индија: НБА ја промовира кошарката во училишта

Индија: НБА ја промовира кошарката во училишта

Управата на НБА-лигата објави дека нејзината младинска програма во Индија забележала повеќе од 750.000 посетители и дека до 2016 година бројката може да достигне до милион.

Комесарот на НБА, Адам Силвер, и сопственикот на тимот на Сакраменто, Вивек Ранадив, кој е роден во Индија, се наоѓаат во посета на земјата за да го прослават успехот на програмата што ја почнаа во 2013 година.

Лигата во соработка со Фондацијата „Рилајанс“ ја почна програмата во 1.000 училишта во Индија.

НБА објави дека се надева дека ќе обучи 2.000 тренери и наставници по физичко воспитување во следните две години.