Економија Индија нарачува 250 авиона од „Ербас“

Индија нарачува 250 авиона од „Ербас“

Европскиот произведувал на авиони „Ербас“ добил од групацијата „ИндиГо“ нарачка за 250 авиони од типот „А320 нео“, што е најголема нарачка во историјата на оваа индиска авио-компанија.

Според цените во каталогот, нарачката е вредна 26 милијарди долари, односно 23,4 милијарди евра, соопштија од „Ербас“.

Нискобуџетната индиска авио-компанија „ИндиГо“, во 2005 година од „Ербас“ нарача 100 летала од типот „A320“ и уште 180 модели „A320 нео“ во 2011 година.

Вкупниот број на нарачки од семејството на „A320“ за „ИндиГо“ се искачи на 530 авиони.