Македонија Името на БКЦ „Иван Михајлов“ неприфатливо, „пресече“ комисијата на Министерството за правда

Името на БКЦ „Иван Михајлов“ неприфатливо, „пресече“ комисијата на Министерството за правда

Од комисијата објаснуваат дека Заклучокот од седницата ќе се проследи до министерот за правда, кој ќе треба да донесе одлука по претходно добиеното негативно мислење од Комисијата

Фото: Исечок од пост од Фејсбук-страницата на Бугарски центар „Ванчо Михајлов“.

Комисијата за употреба на имиња на личности, која беше формирана од Министерството за правда по бурните реакции во македонската јавност за имињата на бугарските клубови, даде негативно мислење за употреба на името Иван Михајлов поднесено од здружението Културен Центар „Иван Михајлов“ – Битола.

Од комисијата објаснуваат дека Заклучокот од седницата ќе се проследи до министерот за правда, кој ќе треба да донесе одлука по претходно добиеното негативно мислење од Комисијата.

Комисијата за употреба на имиња на личности смета дека именувањето на Здружението Иван Михајлов е провокација за националните чувства на македонскиот народ, имајќи предвид дека се работи за личност блиска со фашистичка идеологија кој со своето дејствување ја негирал посебноста на македонскиот народ, а истовремено предизвикува нетрпеливост, нетолеранција и омраза во македонското општество.

Комисијата заседавала во полн состав. Претседател на Комисијата за употреба на имиња на личности е проф.д-р Сашо Цветковски, дописен член на МАНУ. Нов член е и Евгениј Литовски-кустос, историчар во Министерството за култура.

Инаку, комисијата е формирана од министерот за правда, по измени на Законот за здруженија и фондации и Законот за политички партии кои беа изгласани во Собранието на 2 ноември минатата година.

Бугарските клубови „Цар Борис Трети“ и „Иван (Ванчо) Михајлов“ ќе треба да ги сменат имињата