Економија Именуван новиот државен секретар во Министерство за економија

Именуван новиот државен секретар во Министерство за економија

На предлог на ЛДП, денеска Зоран Павловски е именуван за нов државен секретар во Министерството за економија.

Павловски, член на Либерално-демократската партија, на ова место доаѓа од позицијата раководител на сектор за администрирање приходи, локален економски развој и за стратешко планирање во Општина Куманово, со искуство во развој на локална економија, поддршка во развој на мали и на средни претпријатија, претприемништво, туризам, занаетчиство и угостителство.