Свет Балкан „Илинден“ : Во Требиште да се учи на македонски јазик

„Илинден“ : Во Требиште да се учи на македонски јазик

Македонското здружение „Илинден – Тирана“ од Голо Брдо бара во основното училиште  „Десет маченици“ во Требиште да се држи настава по македонски јазик.

– Се надеваме дека барањето на родителите ќе биде прифатено и ќе се земе предвид да се учи на македонски јазик. На барањето се потпишаа и 182 родители кои го поддржуваат овој предлог – се вели во соопштението на здружението.

Од „Илинден – Тирана“ додаваат и дека македонското малцинство кое живее во Голо Брдо било признаено од  албанската држава до 1949 година, а тоа можат да го докажат со сертификатите од тоа време каде што била наведена и македонската националност, како и со училиштата на македонски јазик кои се отвориле во тој период, со доаѓањето на наставници од Македонија.

Македонското здружение „Илинден – Тирана“ со седиште во Тирана и во Требиште, Голо Брдо, е регистрирано во Окружниот суд во Тирана во 2009 година.