Македонија „Илинден“ од Тирана со осуда за Институтот за бугарски јазик во Софија

„Илинден“ од Тирана со осуда за Институтот за бугарски јазик во Софија

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана и Македонско друштво „Илинден“ – Тирана, разгранок Голо Брдо, ги отфрлаат тврдењата на Институтот за бугарски јазик во Софија дека дијалектите на Македонците во Голо Брдо, Мала Преспа, Гора и Врник во Албанија биле бугарски дијалекти и ги оценуваат како како груб фалисфикат на историјата и на вистината.

„Според мапата што ја изработи Институтот за бугарски јазик во Софија, проект финансиран од фондовите на ЕУ, бугарски дијалекти се зборуваат во речиси цела северна Грција, цела Македонија и делови од Албанија и во голем дел од Србија. Во Албанија ниту имало ниту има бугарски дијалекти, така било, така и ќе остане. Македонското друштво „Илинден“ од Тирана и македонско друштво „Илинден“ – Тирана, разгранок Голо Брдо ги осудуваат активностите на Институтот за бугарски јазик во Софија, во обидите за фалсификат на историјата“, стои во соопштението.