Свет Европа ИД се закани со напади на Лондон, Берлин и на Рим

ИД се закани со напади на Лондон, Берлин и на Рим

Терористичката организација Исламска држава објави нова снимка во која се наведува дека би можела да изведе напади на Западот, а како потенцијални мети се споменуваат Лондон, Берлин и Рим.

– Ако нападот во Париз бил вчера, а во Брисел денеска, само Алах знае каде би можел да се случи утре. Би можел да биде Лондон, Берлин или Рим – вели претставник на ИД во видеоснимката.

На снимката се прикажани кадри од претходните напади, а се слуша глас на џихадисти кои говорат на англиски јазик.