Свет ИД ликвидирала 120 свои борци

ИД ликвидирала 120 свои борци

Екстремистичката сунитска организација Исламска држава во последните три месеци ликвидирала 120 свои припадници, повеќето странски борци кои сакале да се вратат дома, јави Сириската организација за заштита на човековите права, со седиште во Лондон.

Организацијата, која своите податоци ги темели на информации добиени од активисти и од жители на Сирија, вели дека бруталната милитантна група ги убила џихадистите кои се обиделе да ја напуштат територијата контролирана од ИД, наведувајќи дека реалната бројка би можела да биде и многу повисока.

– Можеме да потврдиме дека ИД убиле 120 борци, но нашите извори на теренот веруваат дека бројката е поголема од 200 – вели Рами Абдурахман, директор на организацијата.