Свет ИД киднапираше 220 христијани во Сирија

ИД киднапираше 220 христијани во Сирија

Најмалку 220 луѓе од христијанско село во североисточниот дел на Сирија биле киднапирани од џихадистити на Исламската држава, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

Киднапирањата се случиле откако џихадистите зазеле десетина села во кои живеат христијани, а според податоците на Мрежата за човекови права во Шведска, повеќе од 1.000 семејства побегале од своите домови.

САД и ОН побараа итно ослободување на заложниците и најостро ги осудија киднапирањата.

Меѓународната коалиција во меѓувреме со бомбардирање на седиштата на џихадистите во близина на градот Ал Каима во Ирак уби 17 џихадисти, додека триесетина се повредени.