Свет Свет ИД ја презеде одговорноста за нападот на полициската академија во Пакистан

ИД ја презеде одговорноста за нападот на полициската академија во Пакистан

Милитантите на Исламска држава ја презедоа одговорноста за нападот на полициската академија во пакистанскиот град Куети, во кој загинаа 59 кадети, а 100 се ранети.

Пакистанските власти обвинија друга милитантна група за ноќната опсада на академијата, но ИД ја презеде одговорноста за нападот и понуди фотографии од тројцата наводни напаѓачи.

Неколку десетици полициски кадети загинаа кога група напаѓачи со појаси со експлозив упаднаа во центар за обука во пакистанската провинција Белуџистан.

Претходно безбедносен претставник, кој побарал да остане анонимен, изјавил дека во синоќешниот напад загинале 51 лице, а здравствениот претставник Нурулук Хак рече дека најмалку 116 лица се повредени, од кои повеќето се полициски кадети и неколку припадници на паравојската.

„Би-би-си“ јави дека напаѓачите зеле заложници и оти има најмалку 59 жртви.

Провинцискиот министер за внатрешни работи, Сарфараз Бугти, рече дека двајца напаѓачи загинале кога ги активирале појасите со експлозив, а дека еден бил убиен од безбедносните сили.

Во моментот на нападот во центарот за обука имало околу 700 кадети.