Свет ИД го уништила Тетрапилонот во Палмира

ИД го уништила Тетрапилонот во Палмира

Екстремистите на Исламска држава го уништиле Тетрапилонот, еден од најпознатите споменици во древна Палмира, како и фасадата на Римскиот театар, јавуваат сириските медиуми.

Сириската новинска агенција САНА не објави детали, ниту прецизира кога спомениците се оштетени.

Џихадистите на ИД минатата година уништија неколку древни храмови во Палмира.

Тетрапилон е платформа на која се наоѓаат четири столба од кои сочуван е само еден од изворните, изработени од египетски гранит.

ИД ја држи Палмира под контрола од декември минатата година, кога вторпат го освои градот.