Свет Балкан И Зои Константопулос ќе формира нова партија

И Зои Константопулос ќе формира нова партија

Претседателката на грчкиот парламент, Зои Константопулос е спремна да формира нова партија, јавува „Грик рипортер“, повикувајќи се на извешатаи на весникот „Ефимерида тон Синтактон“.

Константопулос наводно чека и официјално да и престане функцијата во парламентот и да се најават изборите, пред да ги започне процедурите за формирање партија.

Весникот наведува дека партијата на Константопулос ќе соработува со новоформираната Лаики Енотита (Народно единство) и другите левичарски организации. Константопулос наводно веќе контактирала со Манолис Глезос, истакната фигура на левицата и поранешен член на СИРИЗА во Европскиот парламент, за да го повика во својата партија.

Глезос изјавил дека СИРИЗА и Лаики Енотита не се единствениот избор, додавајќи дека „можеби нешто друго ќе се формира“. Глезос изјави дека постапи во „согласност со одлуката на народот“.