Македонија И денеска сончево време

И денеска сончево време

Денеска во Македонија времето ќе биде претежно сончево со слаб јужен ветер. По котлините се очекува појава на утринска слаба магла, а утринските температури се движеа од -2 до 1 Целзиусов степен.

Дневните температури се очекува да се искачат од 9 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе има слично време, а температурата ќе се искачи до 12 Целзиусови.

Утре времето ќе биде стабилно со извесно зголемување на облачноста во западните делови. В петок се очекува променливо облачно време, а во вечерните часови врнежи од дожд, кои ќе продолжат и в сабота. Повеќе дожд се очекува во западните делови од Македонија, додека на планинте врнежите ќе бидат од снег.