Македонија И денеска со време како во лето, температурите до 30 степени

И денеска со време како во лето, температурите до 30 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со слаб ветер од југоисточен правец, идентично како во изминатите денови.

Утринската температура се движи од 1 до 10 Целзиусови степени, а дневната ќе изнесува од 23 до 30 степени.

Во Скопје времето исто така ќе биде сончево и топло. Утринската температура се спушти до 9 Целзиусови степени, а дневната ќе се искачи до 28 степени.

Продолжува периодот на топло време, со натпросечни дневни температури за овој период од годината. В петок и в сабота на места ќе има зголемена облачност и услови за слаб локален дожд.