Македонија И денеска ќе врне

И денеска ќе врне

Времето денеска во Македонија ќе биде облачно, со повремени врнежи од дожд. Облачноста и врнежите ќе се зголемат во попладневните часови, во јужните и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец.

Утринската температура ќе се движи од 5 до 10 Целзиусови степени, а дневната од девет до 13  Целзиусови степени.

Во Скопје се очекува слично време, со температура до 12 Целзиусови степени.