Македонија Хуманитарен концерт во Њујорк за поплавените во Македонија

Хуманитарен концерт во Њујорк за поплавените во Македонија

Во просториите на Галерија МЦ во Њујорк се одржа хуманитарна вечер за собирање финансиски средства за помош на подрачјата во Македонија што беа погодени од поплави.

Настапиле дваесетина уметници од Балканот и десетина странски изведувачи од Соединетите Американски Држави, Малезија, Шпанија и од Индија. Учествувале пијанистите Дуке Бојаџиев, Ивана Ковач и Милош Раичковиќ, тапанарот Марко Ѓорѓевиќ, гитара и вокал Владимир Четкар, кларинетистот Васко Дуковски, џез-вокалот Александра Денда со својата група, флејтиската Ана Танасијевиќ, саксофонистот Јан Кус со своето трио (бас Ден Мартинез и тапан Јоел Матео), на гајда Ведран Бошковски и неговата етногрупа „Одгласи“, како и традиционалната женска вокална група „Роса“.