Свет Балкан Хрватска: Весна Пусиќ се кандидира за генерален секретар на ОН

Хрватска: Весна Пусиќ се кандидира за генерален секретар на ОН

Хрватската влада ја предложи потпретседателката на владата и претседателката на ХНС, Весна Пусиќ, за кандидатка за генерален секретар на Организацијата на обединетите нации.

Пусиќ сè уште нема јавна поддршка од претседателката Колинда Грабар-Китаровиќ, а таа е клучна. Пусиќ, сепак, се надева дека ќе ја добие таа поддршка.

– Хрватска во процесот на кандидирање има шанса да се покаже во добро светло и да добие поголема видливост – рече Пусиќ, додавајќи дека до декември ОН ќе разговараат со сите кандидати.

Одлуката, како што рече Пусиќ, ќе биде донесена следната година во овој период.