Свет Балкан Хрватска го отвори товарниот терминал кон Србија

Хрватска го отвори товарниот терминал кон Србија

Товарниот терминал на хрватскиот граничен премин Бајаково кон Србија е повторно во функција, соопшти денеска Авто-мото сојузот на Србија.

Како што се наведува во соопштението, товарниот терминал е отворен во 12.30 часот, по заканите од Србија дека ќе воведе контрамерки доколку Европската комисија до 14 часот не ја вразуми Хрватска да го отвори преминот.

Сообраќајот за товарни возила на излезот од Хрватска синоќа беше запрен затоа што, како што е објаснето, паднал компјутерскиот систем на хрватска страна.