Свет Балкан Хрватите денеска гласаат за претседател

Хрватите денеска гласаат за претседател

Досегашниот претседател на Хрватска, Иво Јосиповиќ, поранешната министерка за надворешни работи, Колина Грабар-Китаровиќ, 24-годишен милитант Иван Вилибор Синчиќ и Милан Кујунџиќ се кандидатите за претседател за кои Хрватите денеска ќе гласаат.

Според последните анкети, објавени во хрватскиот печат, фаворит е Грабар-Китаровиќ, а веднаш зад неа е досегашниот претседател Јосиповиќ.

Во вакви услови Хрватите имаат проблем да се одлучат помеѓу социјалдемократската програма на Јосиповиќ, кој продолжува со досегашната политика, ставајќи повеќе акцент на „зелената економија“ и политиката на Грабар-Китановиќ, која предлага кусења на буџетот и се надева на инвестиции и на помош од структурните фондови на ЕУ.

Гласачките кутии ќе бидат затворени во 19 часот.