Македонија Ховит твитна за средбата: Интересен избор на зборови на Хан…

Ховит твитна за средбата: Интересен избор на зборови на Хан…

Европратеникот и известувач за Македонија во Европскиот парламент, Ричард Ховит, го поздрави вчерашниот напредок во преговорите за излез од политичката криза во Македонија.

– Ја поздравувам изјавата на Јоханес Хан за преговорите во Македонија. Морам да истакнам, интересен избор на зборови „еден вид транзиционен период“ – напиша Ховит на „Твитер“.

Ховит е еден од тројцата европратеници што посредуваа меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во надминување на политичката криза.

Вчерашната одлука ја поздрави и шефот на словачката дипломатија, Мирослав Лајчак.

„Ги цениме напорите на Јоханес Хан, Едвард Кукан, Ричард Ховит и на Иво Вајгл за постигнување политички договор за надминивање на кризата во Македонија“, твитна Лајчек.