Галерија Хонорарците порачаа: Ќе се видиме пак на петок 13-ти!

Хонорарците порачаа: Ќе се видиме пак на петок 13-ти!

Стотина хонорарни работници се собраа денеска пред Министерството за труд и социјална политика да поднесат барања за пристап до информации од јавен карактер и прашања за нелогичностите од новите законски измени, со кои се предвидува плаќање придонеси за хонорарните работници.

– На оваа акција го најавуваме и протестот што ќе се одржи на петок тринаесетти бидејќи многу црно им се пишува на луѓето во Македонја со вакви законски решенија. Оваа акција е поттикната од бирократските процедури кои самата власт им ги наметна на хонорарните работници. Овој закон е неуставен и става во неповолна положба многу луѓе. Затоа ќе поднесеме претставка до Уставниот суд за тој да се произнесе за уставноста на овие законски измени – вели Здравко Савески од здружението „Солидарност“.

Хонорарците велат дека со три акции ќе го нападнат овој закон. Со протести, потоа со акција за барање информации од јавен карактер за бирократските процедури и преку иницијатива за проверување на уставноста на законските измени.

– Законските измени за плаќање придонеси веќе го дадоа својот ефект. Хонорарците се отпуштени, а за јануари не им се префрлени хонорари. Не е првпат да се носат закони зад грбот на граѓаните. Овде сме со сите средства, демократски да им покажеме дека не можат да нè третираат како експеримент – вели Тамара Чаусидис, претседателка на Самостојниот синдикат на новинари.

Прашања кои ги поставија хонорарците можете да ги видите тука.