Свет Свет Хојзген: Не треба да се разговара со Асад само затоа што ИСИС...

Хојзген: Не треба да се разговара со Асад само затоа што ИСИС е полоша

Кристоф Хојзген советник за надворешна политика на германската канцеларка Ангела Меркел

Сирискиот претседател Башар ал-Асад е одговорен за војната во својата земја и Западот не треба да разговара со него само затоа што Исласката држава е „уште полоша“, изјави денеска советникот на германската канцеларка, Кристоф Хојзген.

– Без разлика на фактот што сега постои организација ИСИС, која во поглед на кршењето на хуманитарните и на човековите права е полоша од Асад, не треба да го сметаме и Асад за некој кој може да биде соговорник и со кој може да соработуваме – изјави Хојзген, главниот советник на Ангела Меркел за надворешна политика и за безбедност.

– Не смееме да заборавиме дека Асад е одговорен за убиство на стотина илјади лица, за милиони луѓе кои се раселени – рече Хојзген.

Според советникот на Меркел, постори реална потреба за решавањето на кризата во Сирија да се вклучат и главните регионални сили, како што се Иран и Саудиска Арабија.