Македонија Хојт Ји демантира дека ќе биде новиот амбасадор на САД во Македонија

Хојт Ји демантира дека ќе биде новиот амбасадор на САД во Македонија

Еден од главните интереси на САД на Западен Балкан е да им се помогне на земјите од регионот да се интегрираат со другиот дел од Европа и да изградат просперитетна, демократска и стабилна иднина, изјави американскиот заменик на помошникот државен секретар Хојт Брајан Ји.

Истовремено, тој ги отфрли пишувањата на одделни медиуми дека ќе биде нов американски амбасадор во Македонија, додавајќи дека е „задоволен со работата што сега ја извршува“.