Свет Свет Во хеликоптерска несреќа на Хаваи загина еден војник

Во хеликоптерска несреќа на Хаваи загина еден војник

Хеликоптер „МВ-22 оспреј“ на американската морнарица доживеа несреќа при принудно слетување на Хаваи, при што загина еден војник, а 21 се повредени.

За време на принудното слетување, хеликоптерот се користел за обука во воздухопловната база во Беловс на островот Оахо.

Причината за несреќата се истражува.