Свет Балкан Хашим Тачи би можел да биде уапсен ако отиде во Србија

Хашим Тачи би можел да биде уапсен ако отиде во Србија

Обвинителот за воени злосторства на Србија, Владимир Вукчевиќ, изјави дека потерницата за Хашим Тачи сè уште е на сила во Србија и оти би можел да биде уапсен доколку ја посети земјата.

– Централата на Интерпол ја стопираше потерницата за Тачи во други земји со образложение дека станува збор за највисок албански функционер. Сепак, во Србија сè уште е на сила и ако дојде тука, можеме да го уапсиме – рече Вукчевиќ.

Тачи требаше да го посети Белград на 24 април, на покана на невладината организација Младински одбор за образование и да учествува на собирот „ЕУ интеграции на Западен Балкан: заедно можеме подобро“.