Свет Балкан Харадинај: Размената на територии значи војна и трагедија за Балканот

Харадинај: Размената на територии значи војна и трагедија за Балканот

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај се противи дури и на споменувањето на поделбата на Косово, односно размената на територии со Србија, и смета дека такво нешто би предизвикало трагедија за целиот Балкан, јави дописникот на МИА од Приштина.

– Поделбата за мене значи војна и ова го тврдам недвосмислено. Не е добро да се споменува поделбата. Било кој што споменува поделба, поради било кои причини, греши, сака да му донесе трагедија на Балканот – изјави Харадинај во интервју за телевизијата Дукаѓини.

Во последно време и во Србија и во Косово во медиумите се изнесуваат идеи дека Приштина и Белград би можеле да постигнат конечен договор, кој ќе подразбира и размена на територии.