Подглавна секција Ханта вирусот не е нов, постои од 1950 година

Ханта вирусот не е нов, постои од 1950 година

Насловот на текстот „Нов вирус во Кина? Има ли светот причина за загриженост?“ дезинформира и шири паника, бидејќи имплицира појава на нов вирус за кој светот треба да е загрижен, пишува „КриТинк“.

Понатаму, во истиот текст се демантира тврдењето во насловот дека вирусот е нов, и пишува дека за првпат се појавил во педесеттите години на 20. век, за време на американско-корејската војна, во регионот Ханта.

Она што е познато за ханта вирусот е што тој ретко се пренесува од човек на човек, туку од глодар на човек, односно преку течност на заболен глодар. Патниците биле изолирани и тестирани, поради сомнежот дека корона вирусот можеби е причина за влошувањето на здравствената состојба на патникот, а не поради опасноста од пренесување на ханта вирусот. Овој вирус за првпат се појавил во 1950 година. Во твитот, кој е пренесен во текстот што го рецензираме, а се повикува на текст на „Глобал тајмс“, има реакции од читатели кои пишуваат за потеклото на вирусот и дека не станува збор за ништо ново.

Ширењето на паника и лажни вести не е потребно во ниту една вонредна состојба, а најмалку денес, бидејќи борбата е со вирус кој по својата агресивност одзема илјадници човечки животи. Оттука, несериозно и непрофесионално е да се шпекулира со појава на нов вирус,  во ситуација кога светот се бори со корона вирусот.