Свет Балкан Хан: Турција ги ризикува преговорите за членство во ЕУ

Хан: Турција ги ризикува преговорите за членство во ЕУ

Членството на Турција во Европската Унија ќе биде „сè помалку реално“ ако Анкара наскоро не го смени правецот, изјави еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, за германскиот весник „Билд“.
Според Хан, Турција, според „строгите критериуми за пристапување веќе подолго време се оддалечува од ЕУ“.

– Ако наскоро (Турција) не го смени правецот, членството навистина ќе биде сè понереално – додаде тој.

Дипломатските тензии на релација ЕУ – Турција се засилени поради забраната на холандската влада за учество на турски министри на собири во Холандија посветени на референдумот во Турција, со кој се зголемуваат овластувањата на претседателот Реџеп Таип Ердоган.