Македонија Хан: Се надевам дека ова ќе биде добар ден за иднината на...

Хан: Се надевам дека ова ќе биде добар ден за иднината на државата

„Состанокот само што почна, се надевам дека ова ќе биде добар ден за иднината на државата“. Ова на својот твитер-профил го објави еврокомесарот за проширување и безбедност, Јоханес Хан.

Тој денеска има средба со преставниците на најголемите политички партии во земјава, за да се најде решение за излез од политичката криза.

Лидерите на четирите најголеми политички партии од Република Македонија, Никола Груевски (ВМРО-ДМНЕ), Зоран Заев (СДСМ), Мендух Тачи (ДПА) и Али Ахмети (ДУИ), денеска во зградата „Берлемонт“ на Европската комисија во Брисел ќе ги продолжат преговорите за решавање на политичката криза во земјава.