Македонија Хан се надева на конкретни резултати в понеделник

Хан се надева на конкретни резултати в понеделник

Во изјава дадена денеска во Брисел, еврокомесарот Јоханес Хан изјави дека нема да оди во Скопје в понеделник, но дека ќе биде на линија со лидерите. На прашање што очекува од преговорите во Скопје на 29 јуни, Хан одговори:

– Се надевам на подобрување и се надевам на први конкретни резултати. Ако добро разбрав од извештаите, сите се решени да направат сериозен напредок и тоа е во интерес на сите нас.