Галерија Хан во Гевгелија: Следната недела ќе разговараме за нова помош за Македонија

Хан во Гевгелија: Следната недела ќе разговараме за нова помош за Македонија

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, утрово пристигна во Гевгелија, во посета на прифатниот центар за бегалци во Гевгелија, каде се сретна со бегалците од Сирија.

– В понеделник, преставници на Европската комисија и експерти од вашата земја ќе прават процена на состојбата, за да ги идентификуваат потребите од дополнителна финансиска помош, опрема и од човечки ресурси за поефикасно справување со кризата. Многу е важно да им се помогне на Македонија и на земјите од регионот. Минатата недела предложив пренамена на финансиските средства од Турција во висина од 1,5 милијарда долари за земјите од регионот за да се справат со ова ситуација – рече Хан.

Еврокомесарот Хан ги пофали македонските власти за тоа како се справуваат со бегалската криза. Тој во Гевгелија пристигна заедно со амбасадорот на ЕУ во Макeдонија, Аиво Орав, министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, и со директорот на Бирото за јавна безбедност, Горанчо Савовски.

Дневно преку Македонија транзитираат околу 6.000 мигранти од кои 80 проценти се од Сирија.