Главна секција Хан очекува спорните елементи од договорот да се решат пред или за...

Хан очекува спорните елементи од договорот да се решат пред или за време на посетата

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан, денеска со соопштение ја потврди утрешната посета на Скопје.

„На средбата со претставниците на четирите главни политички партии што го потпишаа политичкиот договор минатиот јуни, односно јули, комесарот Хан ќе ја повтори нивната одговорност да го имплементираат договорот, вклучувајќи ја и потребата да осигураат услови за кредибилни избори, во согласност со крајните рокови што ги договориле“, стои во соопштението.

За време на средбите, како што се наведува, еврокомесарот, исто така, ќе потсети на важноста на спроведувањето на итните реформски приоритети, на кои лидерите се обврзале.

„15 јануари е клучен краен рок од политичкиот договор, имплементација која е важна и за властите и за граѓаните на земјата. Очекувам другите елементи од политичкиот договор да бидат решени пред или за време на мојата посета, со што ќе им се овозможи на изборните власти да организират кредибилни избори во согласност со договорената временска рамка“, изјави Хан.