Македонија Хан: Можеби треба да видиме поинаков пристап за спорот за името

Хан: Можеби треба да видиме поинаков пристап за спорот за името

По 20 години нерешавање на спорот за името, можеби би требало да видиме дали е можен поинаков пристап, изјави за „Радио Слободна Европа“ новиот еврокомесар за преговори за проширување, Јоханес Хан, во врска со спорот за името меѓу Македонија и Грција.

Тој, според Хан, влијае врз понатамошното интегрирање на земјите од Западен Балкан и не е во интерес на Европска Унија.

Еврокомесарот додава дека од македонската влада зависи дали може да ги спроведе реформите за придвижување на земјата.

– Но, исто така, неопходен е целосно функционален парламент што значи дека сите избрани партии не треба да бидат само избрани, туку и во парламентот. Затоа мислам дека е важно да се реши прашањето за името за граѓаните на Македонија повторно да имаат европска перспектива – изјави за РСЕ еврокомесарот Хан.