Главна секција Хан: Ќе ја потенцирам одговорноста на сите лидери да се имплементира договореното

Хан: Ќе ја потенцирам одговорноста на сите лидери да се имплементира договореното

Европскиот комесар за проширување и за соседската политика, Јоханес Хан, на својот твитер-профил објави дека е на пат кон Македонија, каде треба да се сретне со потписниците на Договорот од Пржино.

„На пат кон поранешната југословенска Република Македонија, каде што ќе се сретнам со лидерите на четирите најголеми политички партии. Уште еднаш ќе ја потенцирам одговорноста на сите политички лидери да се имплементираат политичкиот договор и реформските приоритети, во интерес на граѓаните“, сподели Хан на својот твитер-профил.