Главна секција Хан го испитува пулсот за напредок на преговорите

Хан го испитува пулсот за напредок на преговорите

Веќе еден час трае средбата меѓу евроврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, и лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев.

На средбата, од страната на ВМРО-ДПМНЕ, присуствуваат и Никола Попоски, Никола Тодоров и Мартин Протоѓер, а од СДСМ – Радмила Шекеринска и Петре Шилегов.

Сепак, не е познато дали тие директно учествуваат во разговорите со еврокомесарот или тој се среќава насамо со двајцата лидери.

Неофицијално се дознава дека Хан ќе го испитува пулсот за напредок на преговорите меѓу лидерите на најголемите политички партии во Македонија. Ако оцени дека има напредок, предвидено е да се одржи и лидерска средба со претседателите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи.

На средбата не присуствуваат европратениците за решавање на политичката криза во Македонија, Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан.