Македонија Хан: Европскиот парламент бара решение за Македонија

Хан: Европскиот парламент бара решение за Македонија

Европската комисија дава поддршка и се трудиме да ги обезбедиме сите услови за независна истрага во Македонија, порача од Белград еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан.

– Таа ситуација е многу сериозна и опасна. Членовите на Европскиот парламент се обидуваат да разговааат за решение меѓу клучните учесници во судирот. Мора да има истрага, од една страна за кривична одговорност, а од друга страна за политичкиот скандал, така што е потребно опозицијата да се врати во Собранието веднаш, таму да има извршен комитет кој ќе работи на политичка одговорност на случајот. Независно од политичката одговорност, правдата мора да го истера овој случај до крај. Како Европска комисија, на тоа му даваме поддршка и се трудиме да ги обезбедиме сите услови за независна истрага. На одговорните во земјата е да се занимаваат со тоа, но како да се занимаваат со тоа – треба да биде во согласност со европските правила – изјави Хан.