Македонија Хамонд: Помал притисок за Путин

Хамонд: Помал притисок за Путин

Шефот на британската дипломатија, Филип Хамонд, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин утрово „почувствувал помал притисок“, по веста дека Велика Британија гласала за излез од ЕУ.

Хамонд рече дека Путин добил малку повеќе надеж што се однесува до изгледите за укинување на санкциите на Европската Унија против Русија, пренесува „Би-би-си“.

Велика Британија на вчерашниот референдум, со 52 отсто гласови „за“ и со 48 отсто од гласовите „против“, одлучи да излезе од ЕУ.

Премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон, најави заминување од функцијата до октомври.