Спорт Хамилтон ќе стартува од пол-позицијата за ГН на Малезија

Хамилтон ќе стартува од пол-позицијата за ГН на Малезија

Возачот тимот на Мерцедес во Формула1, Луис Хамилтон, на утрешната трка за Големата награда на Малезија ќе стартува од првата позиција, откако на денешните квалификации постигна најдобар резултат и ја освои втората пол-позиција оваа сезона и вкупно 40. во неговата кариера.

Зад Хамилтон, на патеката Сепанг, утре од втората позиција ќе стартува возачот на Ферари, Себастијан Фетел, од третата ќе тргне вториот возач на Мерцедес, Нико Розберг, а 4. и 5. се возачите на Ред Бул, Даниел Рикардо и Данил Квјат.

На денешните квалификации симпатиите ги освои 17-годишниот Холанѓанец во тимот на Торо Росо, Макс Ферстапен, кој ја освои шестата позиција.