Подглавна секција Хамас ќе пристигне во Египет за преговори за примирје

Хамас ќе пристигне во Египет за преговори за примирје

Хамас велат дека се отворени за секакви идеи и планови за прекин на израелската агресија, но стојат на ставот оти не се заинтересирани за привремено примирје

Фото: Лидерот на Хамас, Исмаил Ханијех, Council.gov.ru, CC BY 4.0, via Wikimedia Commons

Се очекува делегација на Хамас денес да пристигне во Каиро за преговори за примирје. Гардијан известува дека извори блиски до Хамас велат оти договорот кој Египет ќе го понуди на Хамас вклучува привремени примирја, размена на затвореници, што надежно би довеле до крај на војната.

Претставник од Хамас изјави дека се „отворени за секакви идеи и планови за прекин на израелската агресија“, но стојат на ставот оти не се заинтересирани за привремено примирје и дека не би ослободиле повеќе заложници сè додека не се гарантира трајно примирје.

Војната во Газа продолжува, а Обединетите нации алармираа на суровоста на израелските операции и на агресијата на израелските доселеници на Западниот Брег. Се забележува зголемено ниво на напади врз кампови за бегалци, како и обемна оштета на инфраструктурата во окупираната територија.

Од почетокот на војната, според последниот извештај на ОН, на Западниот Брег се убиени најмалку 300 Палестинци, од кои 79 се деца. Израелските сили убиле 291 луѓе, а израелските доселеници убиле 8.

„Употребата на воени тактики и оружје во име на спроведување на законот, употребата на непотребна или непропорционална сила и спроведувањето на широки, произволни и дискриминаторски ограничувања на движењето на Палестинците се крајно вознемирувачки“, соопшти високиот комесар на ОН за човекови права Волкер Турк.

Израелската војска соопшти дека „жали за штетата“ нанесена од нападот во кој беа убиени околу 86 луѓе во кампот за бегалци Магази во Газа. Војската соопшти дека типот на муниција не бил соодветен за нападот, и истата предизвикала „колатерална штета“ која можела да биде избегната.

Нетанјаху одбива да преговара за иднината на Газа