Свет Хакери нападнале компјутерски ситем на аеродром во Варшава

Хакери нападнале компјутерски ситем на аеродром во Варшава

Oткако хакери ги нападнале компјутерските системи преку кои се изработуваат плановите за летање, oколу 1.400 патници на полската воздухопловна компанија ЛОТ останаа приземјени на аеродромот во главниот град Варшава.

Упадот во компјутерските системи се случил во неделата попладне, а штетата е поправена по пет часа. Во тој период се откажани десетина домашни и меѓународни летови.