Македонија Хајндл: Договор мора да биде постигнат пред летните одмори

Хајндл: Договор мора да биде постигнат пред летните одмори

„Договор за надминување на полтичката криза мора да има што поскоро, пред почетокот на летните одмори. За Македонија е мошне важно кризата што поскоро да се надмине бидејќи таа криза не е добра за инвеститорите кои ѝ се потребни на македонската економија“, изјави германскиот специјален пратеник Јоханес Хајндл за „Нова“.

Прашан дали успешноста на неговата посета на Скопје е доведена во прашање поради тоа што не успеа да се сретне со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Хајндл вели дека бил информиран дека Груевски е на приватно патување и дека одговорноста за состојбите е на политичките лидери.

– Мојата улога е посредничка, а одговорноста за состојбите е на политичките лидери и од нив зависи успешноста на процесот за надминување на кризата – изјави Хајндл.

Инаку, за пратениците во Собранието летниот одмор трае од 5 до 20 август, а судската ферија почнува следната недела, односно на 15 јули, и трае до 15 август.